top of page

Патот до обновен ум (5)

Умот е најмоќното нешто. Ние сме од 90 до 99 проценти ум. Без нашиот ум ништо друго не функционира. Ние сме нашиот ум. Умот не е мозокот. Умот го движи мозокот, а мозокот одговора на умот. Умот сме ние, умот си ти. Ти ја читаш оваа порака, го процесираш тоа што го читаш, имаш живот, работиш, се социјализираш, креираш и.т.н... ти си жив, жива. Ти мислиш, избираш, живееш. Тоа е умот. Умот е во секоја област од твојот живот. Умот е тој кој го користиме за да доживееме, искусиме сѐ во животот. Умот го зема секое искуство и го става во мозокот. Умот е како ние го процесираме животот и тоа се става во мозокот во форма на енергија.

Енергијата е извор на животот. Господ Бог е извор на животот, така што енергијата доаѓа од Божјата свесност или добрина. Книга Јов 32:8 гласи: има дух во човекот, и духот на Седржителот го вразумува. Тој дух на живот е нашиот ум, а со умот ги процесираме работите. Сите ние различно ги процесираме работите. Го слушаме истиот разговор, но го обработуваме, набљудуваме, разбираме различно.

Од моментот кога се будиме, па до моментот кога легнуваме да спиеме, процесираме ралични нешта, а тие влијаат на тоа како ние функционираме. Што значи искуството се процесира од страна на умот, умот го става во мозокот и потоа комбинацијата на умот, мозокот и телото е како ние изгледаме, како се појавуваме, реагираме, живееме. Реагираме со нашите емоции, како се чувствуваме, како се однесуваме, што зборуваме, што правиме, Нашето тело реагира на одреден начин и потоа имаме сопствена перспектива, односно како гледаме на животот во моментов. Овие се четирите сигнали прек кои нашиот длабок духовен дел од умот, што е поврзан со изворот на животот односно Бог, постојано работи за да нѐ советува и води кон искуствата кои влијаат на тоа како ние функционираме. Како нашиот внтрешен духовен дел ни зборува преку нашите сигнали т.е. емоциите, однесувањето, телото, и перспективите. Божјиот Дух се поврзува со нашиот дух и нѝ покажува преку нашите сигнали. Божјиот Дух сака да нѝ укаже на нештата што треба да ги промениме. Ако сме имале пријатни искуства, нашата појава ќе биде пријатна, ако сме искусиле некаква траума, тогаш нашата појава ќе биде сосем поинаква. Се што сме доживеале се искусило преку умот, па изградено во мозокот и телото и ќе биде очигледно и видливо на тоа какви сме ние и како реагираме.

Она што треба ние да го правиме е да го преиспитуваме нашето однесување, како изгледаме. Ако сме тажни или депресивни, да преиспитаме од каде доаѓа тоа, зошто? Кој е изворот за тоа? Изворот е мислата. Мислата е искуството што нашиот ум го изградил во мозокот. Мислата изгледа како дрво. Дрвото има корени, стебло и гранки. Истото го имаат и мислите. Имаат извор, односно што се случило, па корените се спомените, а гранките се начините, впечатоците како го разбираме тоа искуство. Токму заради тоа ние треба да сме свесни за нашите мисли, какви се тие. Божјиот Збор гласи: ...па ги рушиме мудрувањата; и секое превознесување што се крева против познавањето на Бога; и ја поробуваме секоја мисла за послушност на Христос. Бидејќи Исус Христопс е љубов, ние треба да ја преиспитуваме секоја мисла и да ја преобразуваме во Божја мисла. Што треба да правиме со мислите? Да ги обновуваме. Како што пишува во Послание до Римјаните 12:2: Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја!


Обновувањето подразбира менување. Доколку мислите се негативни и тие влијаат на нашиот живот, нашата средина, семејство, кариера тогаш наша обврска е да ги менуваме, преправаме, реконструираме. Во спротивно, таа негативност ќе нѐ држи заковани, врзани, заробени, и сите тие сигнали само ќе се зголемуваат, и ќе се појачуваат, и на крај ќе работат против нас.

Доколку ги менаџираме нашите емоции и однесувања тогаш тие ќе работат за нас, а не против нас. Не смееме да дозволиме постојано да влегуваме во истите обрасци на случувања и однесувања, и да кажеме дека едноставно такви сме ние, нема опција за промена. Треба да живееме како постојани набљудувачи и да се преиспитуваме и запрашуваме: Како се однесував денес кон мојот партнер? Како изреагирав кога ја добив таа вест? како се однесував кога разговарав? и.т.н. Доколку мислите не се добри тогаш можат да направат штета на нашето тело, физички ќе се манифестираат. Ако сме свесни за тоа, ние ќе ги заробиме тие мисли и ќе ги ставиме под контрола, што е и целта на обновувањето на умот. Во спротивно, доколку не го обновуваме умот постојано, тогаш сме поранливи и пофрустрирани.

 

Умот прави мозокот да функционира, умот прави срцето да функционира, и за сѐ така. Ние не сме мозокот, туку нашиот ум. Преку нашиот ум функционира сѐ кај нас. Умот што го имаме има три нивоа. Првото ниво е најдлабокото ниво и го нарекуваме несвесен ум, и тоа е делот од нас кој нашиот духовен дел, и работи 24/7 и е дикетно поврзан со изворот на највисоката интелигенција т.е со Бог. Целта е да бидеме постојано поврзани со овој ум, а тоа можеме да го направиме преку набљудување и преиспитување. Второто ниво е потсвесниот ум кој е мост помеѓу несвесниот и свесниот ум (кој е и третото ниво).



Која е целта на обновувањето на умот? Преку обновувањето на умот можеме да го промениме нашиот живот, да се трансформираме. Ние не можеме да го контролираме она што ни се случило, но можеме да контролираме како тоа изгледа внатре во нас. Како можеме да го сториме тоа. На пример, согледуваме дека да, овие сигнали се приврзани за оваа мисла или мисли, и одиме до изворот на и до корените на таа мисла и ја менуваме формата, нејзините гранки, сѐ со цел дрвото на мислата да може да расте здраво.

Исус Христос укажува на овој факт говорејќи во Евангелие според Јован 15 глава:

Јас Сум вистинската лоза и Мојот Татко е лозарот. Тој ја отстранува секоја прачка на Мене, што не дава плод; а ја чисти секоја, што дава плод, за да даде повеќе плод. Вие сте веќе чисти заради Словото, кое ви го зборував. Останете во Мене како Јас во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не остане на лозата, така ни вие, ако не останете во Мене. Јас Сум лозата, а вие сте прачките. Кој останува во Мене, и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да направите ништо. Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен надвор како прачката, која е исушена, - ги собираат, ги фрлаат во оган и ги горат. Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде. Мојот Татко се прославува со тоа, што ќе давате многу плод и ќе бидете Мои ученици. Како што Таткото Ме возљуби Мене, така и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов! Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов. Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна. Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас. Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели. Вие сте Ми пријатели - ако го вршите она, што Јас го заповедам. Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сè што чув од Мојот Татко. Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; и Мојот Татко да ви даде сè што ќе посакате во Мое име. Ова ви заповедам: да се љубите еден со друг!”

Така што, не можеме да ја промениме случката што се случила во минатото, но можеме да промениме како таа изгледа внатре во нас, во нашиот мозок и со тоа како така променета ќе влијае на нашата иднина. Сѐ што нѝ се случило, се што нѝ се случува и се што ќе нѝ се случи ќе влијае на нас комплетно, на нашата појава. Секоја клетка од нашето тело има меморија и помни сѐ што ни се случува. Секое искуство станува дел од нашето тело. Секое наше искуство се гради на три места: во мозокот, во умот и во телото. Но, тие постојано се отворени за промена! Можат да се променат! Така што, сѐ што сме поминале, доживеале не треба да ја одредува нашата иднина. Не мора да живеееме соочувајчи се со минатото, лошите работи, со траумата. Да го промениме начинот на кој ги гледаме минатите искуства за да не нѝ влијаат негативно на иднината. Истото го направи и Исус Христос во Гетсиманиската градина. Тој се соочуваше со неизбежната ситуација. Исто и ние, не можеме и не смееме да бегаме од ситууацијата, туку треба да се соочиме. Ако не се соочиме таа ситуација ќе врие во нас и еден ден ќе експлодира. Потиснувањето еден ден ќе избие. Мораме да се соочиме со нештата. Ние имаме способност да се соочиме со случувањата. Мора да тренираме, да испотиме за да бидеме здрави и да имаме убаво обликувано тело. Мора да поминеме низ процес кој изгледа тежок, но на крај е исплатлив. Не постои инстант решение. Никој не може да го направи тоа наместо нас.

Треба да ни биде јасно дека, да, нешто нѝ се случило, и дека тоа направило промена во нашиот мозок, и дека направило промена во нашето тело и сѐ додека е таму степенот на ранливост е сѐ поголем. Што значи, мора да одиме во Гетсиманиската градина. Да повикаме кон Небесниот Татко, да го надминеме тешкото и да продолжиме да бидеме светлина. Да запомниме: Не можеме да го промениме она што нѝ се случило, но можеме да промениме како тоа изгледа во нас, во нашиот ум и со тоа ќе ја промениме нашата иднина.

5 views

Recent Posts

See All
bottom of page