top of page

Патот до обновен ум (1)

Ако умот е важен, нема да има потреба од негово обновување. Бог го вреднува умот, интелектот на поединецот целосно, толку што Исус помина низ големо страдање за да го заштити тој ум. Знаејќи го тоа, необновениот ум е непријателски насочен кон Него и е во војна со Бог, според Светото Писмо, Послание до Римјаните 8. Така што, Го презема ризикот да го заштити нештото, да бидат луѓето независни во нивното размислување за да можат да бидат инструменти на Бога, да чујат што Тој има да каже, да направат тоа што прави Тој за да го прикажат Рајот на Земјата, да ја прикажат Божјата волја преку нивната насочена имагинација. Насочената имагинација станува света имагинација. Светатата имагинација е позиционирана за визија и соништа. Светата имагинација е таа која станува поставена за да чуе и да види од Бог.

И така, сега нема осудување за оние, кои се во Христос Исус, и одат не по телото, а по Духот, зашто законот на Духот на животот во Христос Исус ме ослободи од законот на гревот и смртта. Зашто тоа, што му беше невозможно на Законот, зашто беше слаб заради телото, Бог го изврши: испраќајќи Го - заради гревот - Својот Син во обличје слично на грешното тело и, поради грев, го осуди гревот во телото,па, праведноста, што Законот ја бара, да се исполни во нас, кои не одиме по телото, туку по Духот. Зашто, кои се по телото, мислат за телото, додека оние, по Духот, мислат за нештата на Духот. Бидејќи мудрувањето на телото, е смрт; а мудрувањето на Духот: живот и мир; зашто мудрувањето на телото е непријателство против Бога, бидејќи не му се покорува на Божјиот Закон, ниту пак може. Оние, кои се во телото, не можат да Му угодат на Бога. Но вие не сте во телото, туку во Духот, ако Божјиот Дух навистина живее во вас. Но, ако некој Го нема Христовиот Дух, не е Негов. А ако е Христос во вас, тогаш телото е мртво заради гревот, а духот е жив заради правдата.

Ако ние се репозиционираме во нашето расмислување Бог ќе ни прати идеи.

Обновениот ум е цел на Господ во нашиот живот секојдневно. Тој постојано ни зборува, нѐ води во осознавање преку искуства што ќе нѐ репозиционираат за мислење, размислување, не само креативно, туку да мислиме како Христос.

 

Обновениот ум е способен да креира содржина за да веруваме. Важно е да се знае следново: верувањето не доаѓа од умот. Светото Писмо вели дека таа е во човековото срце, така што вербата не е интелектуална активност. Обновениот ум креира содржина за верба, исто како коритата на реката, тие креираат простор за неа, за да тече. Еве еден пример за човек кој ја разбра поентата на обновениот ум. Стотникот ги разбра патиштата и начините на Бога и природата на Царството Небесно што предизвика Исус да одговори толку импресиониран со неговото разбирање и тоа го нарече верба. Поточно кажано во Светеото писмо стои вака:

А кога влезе Исус во Капернаум, Му пристапи еден стотник и Го молеше, велејќи: „Господи, мојот слуга лежи фатен дома и многу се мачи.” Исус му рече: „Јас ќе дојдам и ќе го исцелам.” А стотникот во одговор му рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; туку кажи само збор и мојот слуга ќе биде исцелен. Зашто исто и јас сум подвластен човек, и имам војници под себе; му кажувам на едниот: ‘Оди!’ и тој оди; и на другиот: ‘Дојди!’ - и доаѓа; а на својот слуга: ‘Направи го тоа!’ - и тој прави. А кога Исус го чу тоа се зачуди и им рече на оние, кои Го следеа: „Вистина ви велам, во никого во Израел не најдов толкава вера.

Верата често ќе се демонстрира во небесното разбирање. Не е производ на дисциплина. Верата доаѓа од предавањето, откажувањето, а не од стремењето. Таа е производ од настојувањето, насочувањето кон Божјиот Дух и Божјиот Збор, и откривањето на искуствата што Тој ни ги праќа за да гледаме и да размислуваме поинаку.

Обновениот ум има непријатели, очигледно. Се што непријателот сака да направи во нашиот ум, во нашиот живот е да не раскине од обновениот ум. Причината е што ѓаволот сака луѓе што мислат на начини што иако изгледаат разумни и интелигентни, се всушност непријатели кон Бога и Божјите патишта.

Светогледот на телото, поточно телесните страсти, според Послание до Римјаните 8 е непријател на Бога односно е во војна против Бога. Важно е да се разбере тоа. Светогледот на духот е живот и мир. Светогледот на духот е способен да нѐ води кон голема вера.

Светото писмо вели дека според верата разбираме дека световите биле направени од ништо. Што значи според верата разбираме...





Можеме да видиме и да го препознаеме тоа што ѓаволот не доаѓа во страшен костим, тој не се претставува како некој познат како ѓаволот туку се претавува како нешто што ние ќе го вреднуваме. Тој всушност парадира со своите мисли и ги претставува како доблесни мисли за нас, за ние да ги прифатиме. Светото Писмо не туку така укажува на тоа дека ѓаволот се претставува како ангелот на светлината, така што тој треба да парадира на начин што ние мислиме или чувствуваме дека ние осознаваме или се движиме кон некоја доблест. Проблемот е што тој начин на живот, тој начин на размислување не носи мир со себе, не ги носи плодовите на мир и правичност. Во Светото писмо пишува:

„Кој е меѓу вас мудар и разумен? Со добро владеење нека ги покаже своите дела во мудра смиреност. Ако ли пак во своето срце имате горчлива завист и карање, не се фалете и не лажете против вистината! Тоа не е мудрост, која слегува одозгора, туку е земна, душевна, демонска; зашто каде се зависта и карањато, таму е неред и секакво лошо нешто. А мудроста која доаѓа одозгора, пред сè: е чиста, потоа мирољубива, блага, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна. А плодот на правдата се сее во мир, за оние кои создаваат мир.“

Дали сте забележаале дека огорчен човек, а немал добра причина да биде огорчен? Навредата е таква, да направи човек да го оправдува своето однесување. Навредата, спротивставувањето ги тера луѓето да размислуваат погрешно и да носат погрешни одлуки, дури и да го оправдуваат злото, било тоа да е прикриено и замаскирано или пак зело друга форма која е прифатлива за општеството. Толку драматично ги поместува луѓето појавувајќи и прикажувајќи се како мудрост, а не е.

Можеме да живееме под влијанието на навредата, иако во момент не ја чувствуваме, а таа останала некаде затаена и подзаборавена. Да бараме од Бога да нѝ ги покаже миговите кога сме се почуствувале навредени, понижени за да ги оттргнеме од нашиот живот и да бидеме чисти. Навратете се на некои случки и изјавете: Се откажувам од правото да бидам навреден, навредена.

И она што се случува е откривање дека имаме некои работи во нас кои стоеле долго време, нешто што го повредило нашето срце. Не сакаме отровот од навредата да го помати нашиот поглед, не сакаме да влијае на нашето мислење, резонирање, бидејжи тоа е и целта – да се вовлече навредата, љубомората, зависта во нас за да влијаат на нашето рационално размислување за да не го прикажеме срцето на Бога на Земјата во мера како што сака Тој. Во Послание до Римјаните 12 глава пишува:

„Затоа ве молам, браќа, заради Божјата милост, да ги принесете вашите тела во жива, света и угодна жртва на Бога, тоа да биде ваша разумна служба. Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја!“
 

Дали сте откриле дека Бог мисли поинаку од нас? Погодете кој нема да се промени?! Бог, секако. Оној што треба да се менува сум јас.

Она што го прави покајанието е повторно составување, соединување со начинот на кој Тој мисли. Покајанието е реконектирање. Неговата перцепција е поинаква. Дел од нашиот живот поминува во соочување со проблеми, предизвици, тешки ситуации, победи и.т.н. И на сред вакви мигови се обраќаме на Бога да нѝ помогне и да ја поправи ситуацијата. Исус направи, моделира поинаков начин на живеење. Исус рече:

„И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син Кој е во небото, та секој, кој верува во Него да не загине, но да има вечен живот.

Исус ни илустрира како е да се живее во небото во однос на Земјата. Сѐ што направи Исус е посредување на животот на небото во овој земниот преку неговата послушност.

Обновениот ум личи на Исус во моментот кога се трансформира пред апостолите во светлина! Обновениот ум е совршен, го прикажува натприродното, апстрактно, духовно постоење кое е возможно за оној кој верува. Обновениот ум го илустрира срцето и умот на Бога за планетата Земја. Бог сѐ уште има план за оваа Земја, а секој од нас е дел од неа и од тој план. Што значи: Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја!

А која е божјата волја? – Да биде волјата Твоја како во небото така и на Земјата. И? Што прави обновениот ум? – Ја докажува волјата на Бог од небото на Земјата.

 

Зборот покајание всушност е промена на начинот на кој мислиме. Не се однесува само на дисциплината туку да се живее со перцепцијата на реалноста што е повозвишена од сѐ што можеме да видиме, а е инфериорно. Сѐ што можеме да видиме на оој свет е краткорочно, а она што не можеме да го видиме е вечно. Верата функционира од вечното и делува кон краткорочното, ограниченото односно од вишата кон инфериорната реалност. Обновениот ум живее свесно кон тоа.

Еден пример, да речеме дека сте добиле односно наследиле имот од ваш роднина. Добивате известување дека добивате голем имот. Се организирате и одите да го видите имотот. Разгледувате што има, што е ваше. Наоѓате во една просторија неколку уметнички парчиња, слики и ги разгледувате. Една слика ви остава впечаток и забележувате дека авторот на тоа дело е познат уметник, но не знаете дали е копија или оригинал. Но, ве интересира дали навистина е оригинал и се интересирате да најдете информација. Се јавувате кај лице кое е експерт за проценка на уметнички дела, и вие му ја објаснувате ситуацијата. Тој ве поканува да се состанете во неговото студио за да погледне сликата. Експертот поминува време анализирајќи ја сликата бидејќи знае да процени и да каже дали е копија или не. Еден ден експертот ве повикува во неговото студио за да ви каже што направил. И тој ви вели дека е 100 проценти сигурен дека е оригинал. И сега имотот што го добивте вреди многу повеќе. Што се случи? ...Значи по долго истражување се носи заклучок и се одобрува.

Или друг пример, поминувате низ тежок период, здравјето не ви е на најдобро ниво. Ваш пријател кој ви каќува дека сонувал сон во кој Исус Христос го посетил и му кажува дека болеста ти ја дава за краток временски период и дека за одредено време ќе те излекува. По две недели друг пријател ти кажува дека Исус Христос го посетил во сонот и му рекол да ти пренесе дека болеста не ја пратил тој и дека ќе те излекува.

Што се случува? Имате различни информации од двајца пријатели. Која информација е точна? Исто како со сликата. Од истата слика има копија и оригинал. Што правеше експертот за проценка на сликите?- ги анализираше за да донесе заклучок дали дадената слика е оригинал. Така и вие. Што ќе направите? Ќе го земете Божјиот Збор и ќе го проучувате, анализирате. А зошто би го правеле тоа? За да го обновите вашиот ум, за да ја осознаете вистината без притоа да навредите или обвините некого или да имате погрешно мислење. И на крај, ќе донесете заклучок и ќе ја знаете Божјата волја за вашиот живот и ќе знаете која слика е оригиналот.

Ние имаме одговорност да ја прикажеме волјата на Бог. Божјиот збор, Духот Божји и нашето лично искуство прикажуваат како е да се има обновен ум. Сите три нешта се неопходни за да се живее со обновен ум.


Исус дојде и направи се. Сега седи од десната страна на Небесниот Татко и ние можеме да ги видиме ефектите на Небесното Царство ако сме склони кон тоа односно ако пристанеме. Нашето тело е храм на Светиот дух. Нашиот дух не е наш бидејќи ние сме нови битија во Исус Христос. Наша е само нашата душа која се состои од умот, волјата и емоциите, кои треба да се трансформираат преку обновување на нашиот ум преку Божјиот Збор.

 

Молитва: Татко, ние велиме Да на процесот што Ти го започна во нас за да гледаме и мислиме како Тебе, на обновениот ум и велиме да. Ја прифаќаме привилегијата да имаме креативни мисли што Те почитуваат Тебе, да имаме идеи што Те фалат Тебе, да бидеме луѓе чии срца ќе ги обоиш и нацрташ како на платно. Ти велиме добредојде Свети Дух, и да правиш како Тебе што Ти е мило, и Те замолувам да го испуштиш и испратиш духот на напредок за оние кои читаат, да поверуваат дека сѐ е возможно. Те замолувам да ја зголемиш атмосферата за зголемување на апетитот за неможностите на животот да клекнат при спомнување на името на Господ Исус Христос. Се молиме за тоа дека Исус Хрситос ќе биде објавен насекаде. Амин.




1 view

Recent Posts

See All
bottom of page