top of page

Моќта на радоста

Тешкотиите доаѓаат откако ќе го примиме Божјиот збор. Веднаш штом зборот е посеан сатаната доаѓа да го земе, да го украде. Зборот во нас е тоа што е опасност за него. Тој ќе направи сѐ што е возможно за да не го слушнеме и примиме Божјиот збор. Него не му е грижа дали ќе одиме во црква или на некоја богослужба или предавање се додека таму не се проповеда и пренесува Божјиот збор.

Можеме да ја запреме неговата операција во нашиот живот. Ние стануваме мета или таргет на секакво мачење и малтретирање. Штом го чуеме Божјиот збор и го примиме веќе имаме нацртана мета на нашите гради и сатаната започнува со напади како што не сме искусиле досега. Тогаш, како победуваме? Нашиот став и однесување во такви времиња и напади одредува дали ќе победиме или ќе изгубиме.

Апостол Павле вели: ...„но јас не се грижам за ништо“.

Па, зошто да се биде депресивен, обесхрабрен ако знаеме дека Господ Бог ќе нѐ избави. Само прашање е на време.

Она што следува од наша страна како прашање е: „Колку време ќе биде потребно за тоа?“ Но, вистинското прашање е следно: „Дали ние ќе продолжиме да бидеме храбри и ќе издржеме?“

Откажувањето не е опција!

Во време на неволја не дозволувајте ѓаволот да ви ја украде радоста. Во време на неволја не ја бркајте вашата вера. Зошто? Затоа што верата и радоста се непобедлив тим. Кога живееме по вера ние изјавуваме со знак извичник!

Живеемe според верата, а не според гледањето. Не го говориме тоа со натажено лице туку со радост! Мило ни е што знаеме да живееме по вера. Ние сме упорни победници и ѓаволот е постојан губитник!

Ако ѓаволот не може да ни ја украде радоста тогаш ниту може да им наштети на нашите дела.



Нашиот дух не е поврзан со нашиот мозок!

Сатаната сака да нѐ стави на проба. Тој сака да направи јавен спектакл од нас. Тој сака да види дали ние навистина веруваме во она што велиме дека веруваме. Веруваме или не? Сѐ се обелоденува и излегува на површина кога притисокот се зголемува.

Исус нѐ предупреди. Во Евангелието според апостол Марко пишува:

Сејачот го сее словото. Посеаното покрај патот ги означува оние, кај кои се сее словото, но при кои, откако го чујат, веднаш доаѓа сатаната и им го граби словото, посеано во нивните срца.

Кога веќе го знаеме ова тогаш знаеме дека сатаната е оној кој се обидува да го украде словото односно зборот. Па да не му дозволиме!

Во Посланието до Солунјаните пишува:

И вие се угледавте на нас и на Господа, кога во големи маки со РАДОСТ го примивте словото од Светиот Дух, така што станавте образец за сите!

Радоста доаѓа од Светиот Дух. Треба да научиме како да бидеме радосни во малите нешта. Да запомниме: сатаната сака да ја украде нашата радост! Треба да ја заштитиме нашата радост!

Зошто сатаната е против нашата радост? Во Светото Писмо пишува: „Не тажете зашто РАДОСТА пред Господа е поткрепа за вас!“


Радоста од Небесниот Татко е нашата сила. Силата доаѓа преку радоста. Ако немаме радост тогаш немаме ни сила. Ако немаме сила тогаш сме слаби. Ако сме слаби тогаш не можеме да се спротивставиме.Ако не можеме да се спротивставиме тогаш ѓаволот нема да побегне. А ако тој не побегне тогаш не сме победиле. Врз основа на ова, можеме да видиме како сето ова е поврзано со радоста.

Ова е причината зошто тој е во потрага по нашата радост.

Во Поговорки 24:10 пишува: „Ако во злочест ден си се покажал слаб, скудна ти е силата.“

Силата доаѓа од радоста. Ако ослабнеме под притисок, тоа е од причина што радоста исчезнала, била намалена, ослабната. Сме ја изгубиле радоста. И сега можеме да заклучиме како радоста е поврзана со победата. Не е само нашата вера.

Во Посланиетп на апостол Павле до Римјаните 10:17 пишува: „И така, верата доаѓа од слушање, а слушањето од словото Божјо.“

На истиот начин доаѓа и радоста.

Исус Христос вели: „Ова ви го реков, за да остане радоста Моја во вас, и радоста ваша да биде полна.“

Ако нашата вера е слаба тогаш кое би било решението? – Да се вратиме во позиција да го слушаме Божјиот збор или да го слушаме гласот на Исус Христос говорејќи го зборот.

Исус очекува Неговите следбеници да бидат исполнети со радост. Можеме да ја развиеме оваа спиритуалност до степен кога ќе можеме да речеме како апостол Павле: „Јас не се грижам за ништо и јас ќе ја завршам мојата задача со радост!“


Луѓето кои се исполнети со Божјиот збор се обично луѓе кои се исполнети со вера и радост. Тие не се распаѓаат на делови кога се под напад. Всушност, тие ја зголемуваат радоста. Како е тоа возможно? – Возможно е знаејќи го сево ова.

Кога нашата вера е под закана и напад тогаш се откриваат вистинските бои. На крајот на краиштата, ако ја испуштиме радоста голема е веројатноста да ја испуштиме и верата. Наместо откажување, обесхрабреност, да научиме да ѝ дадеме глас на радоста.

Во Пророк Еремија пишува: „И пак ќе се слуша глас од радост и глас од веселба.“

Треба да се научиме да се смееме повеќе. Смеата е добра. Господ Бог ќе ги промени работите кога ние ѝ даваме глас на радоста. Ако сатаната не може да нѝ ја украде радоста не може ништо друго да нѝ украде. Господ се ќе нѝ обнови. Тој ќе направи да се обновиме и ќе нѝ нодомести сѐ. Како што вели стихот во Изреки:

Во време на глад ќе се смеам. Не му проштеваат на крадецот (ѓаволот), ако краде за да си ја насити душата кога е гладен, ако го фатат тој плаќа седум пати повеќе, го дава целиот свој имот.

 





1 view
bottom of page