top of page

Молитва за нацијата - Правда во работата на пратениците


Господе Татко, доаѓам пред Тебе, во моќното име на Исус, и се застапувам за пратениците во нашиот собраниски дом да носат закони со интегритет кои ја подржуваат правдата. Додели им мудрост и расудување за донесување на одлуки кои се усогласени со принципите на правниот систем во Царството Небесно, каде што Ти владееш. Управителите во нашите институции да постапуваат праведно во соогласност со законите кои се донесуваат од пратениците во Домот на собранието барајќи да се обезбеди правичност и еднаквост за сите. Дај ни храброст, Татко, да застанеме против неправдата за да го поразиме тој дух и да го избркаме од нашата земја, и да ни помогнеш во Твојата мудрост да се залагаме за оние кои не можат да зборуваат за себе. Твојата љубов нека биде знамето што нѐ обединува: Господ ни е Знаме „Јахве Ниси додека работиме заедно за да создадеме општество каде што владее правдата, за да бидеме светлина во темнината и пример за правичен народ меѓу соседите. Татко, јас во молитвата која ја изнесувам пред Твоето лице, ги обврзувам да стојат на ветувањето дадено преку Твојот Збор, знаејќи дека ти си вистинскиот единствен Бог на правдата кој ја брани каузата на угнетените, обесправените, кротките, беспомошните, и јас се молам за систем на правда кој го одразува Твоето милостиво и правично срце, каде се подржуваат принципите на вистината и праведноста.

 Во Моќното Име на Исус Христос се молам Небесен Татко, ти благодарам Господи Свет Дух за совршените молитви, ти благодарам Господи Исусе за Твојата пресвета крв. Амин! 



Библиско писмо:

  • Исаија 1/16-19:  Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло, научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица.” Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и како бакам, – како снег ќе ги побелам, да бидат црвени и како пурпур, – како волна ќе станат бели. Ако Ме барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни.

  • Изреки 14/29: Кај трпеливиот човек разум има многу, а лутиот полн е со глупости.

  • Изреки 31/8-9: Синко, отворај ја устата своја за слава Божја и на сите суди им по правда. Отворај ја устата своја и праведно суди, и заштитувај ги и сиромавиот и немоќниот.

  • Изреки 14/7-9: Бегај од безумен човек, кај кого не забележуваш разумна уста. Мудроста на разумниот е да го знае патот свој, а безумноста на безрасудните е заблуда. Домовите на беззакониците треба да се чистат, а домовите на праведните се чисти и пријатни.

  • Изреки 14/11-12: Куќите на беззакониците ќе се сотрат, а живеалиштата на праведните ќе опстојат. Има патишта, кои на човека му изгледаат прави, но крајот нивни води до дното на пеколот.

  • Михеј 6/8-9: О, човеку, речено ти е што е добро, и што бара од тебе Господ; да работиш правично, да сакаш милосрдни дела и смирено да врвиш пред твојот Бог. Гласот Господов вика кон градот и мудроста се претпочита пред Твоето име; слушајте го жезалот и Оној, Кој те поставил.


 

2 views
bottom of page