top of page

Мисли, говори, манифестирај!


Сѐ започнува со мислењето. Не со зборувањето. Во Изреки 30-то поглавје пишува: Ако гордоста те тера на безумни дела и си намислил зло, стави ја раката на устата своја. Забележи... сатаната е во потрага по твоите мисли, но исто е и Господ Бог. Ѓаволот знае каде да напаѓа - во твоето мислење. И она на што мислиш најмногу, се остварува, односно тоа што мислиш тоа и си, бидејќи ќе излезе од твојата уста. Така што, мора да внимаваш на твоите мисли бидејќи сѐ околку тебе се врти околу твоите мисли. Тие се обидуваат да те натераат да мислиш дека нема да успееш, нема да можеш, ова ти треба, тоа ти треба. Кога сатаната ѝ се доближи на Ева, тој ѝ се приближи преку мислите. Тоа се нарекува моќта на сугестијата. Сатаната користи магија за да го засили тоа. Ти мораш да ја процениш мислата пред ја размислиш бидејќи ако не кореспондира со Божјиот Збор, мораш да преземеш некоја акција односно ја исфрлаш. Можеш да го заклучиш твојот ум. Ти можеш да кажеш: „Во моќното име на Господ Исус Христос ја земам крвта и ја заклучувам вратата на мојот ум од таа мисла, од нејзино повторно доаѓање, и таа мисла не може да влезе.

Мислите се нешта. Непријателот ќе дојде со мисла и сугестија. Што ѝ рече на Ева? Ѝ рече дека Господ им крие нешто, а тоа не беше точно. Она што го направи Господ Бог е тоа што Тој чуваше сѐ она што планираше да направи со неа и за неа. И преку нејзината послушност ќе се откриеше тоа. Така што, не ти недодстига ништо. Кога Бог те содаваше, Тој стави сѐ што е потребно во тебе и Ти обезбеди сѐ што ти е потребно. И како што стануваш послушен/а на Неговата волја, Тој ќе ти открие сѐ. Сѐ е до мислењето. Луѓето не се сиромашни затоа што не можат да обезбедат пари, туку се сиромашни поради начинот на кој мислат, на кој размислуваат. Поправи го твоето мислење за тоа како Бог те гледа за да можеш да го примиш она што Бог го има за тебе, бидејќи твојата слика за себе има многу со тоа што можеш ти да сториш за Господ Бог. На пример, научени сме дека некои материјални работи се повредни од нас. Зарем е така? На пример, некоја скапа куќа. Штом ќе заминеш на небото ти ќе имаш огромна палата и ќе одиш по златни улици и ќе поминуваш преку бисерни порти.

Господ Бог се обидува да ти покаже: Донеси го небото на земјата, сакам да знаеш колку си вреден/вредна пред да дојдеш на небото. Јас имам работа за тебе што треба да ја завршиш и тебе ти е потребна поткрепа и почит за да го направиш тоа.


Мислењето... мораш да го доведеш твоето мислење и размислување во ред бидејќи ако го ставиш твоето мислење во ред, ќе го ставиш и твоето зборување во ред, а задача на духот на личноста е да мисли и зборува, така Исус говори. Во Јован 6:63 е напишано: Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот. Мислењето е континуиран процес. На тоа што се задржуваш, на тоа што се концентрираш тоа и си, завршуваш на таа состојба, на тоа место. Дали сфаќаш дека мислите се толку моќни до степен што привлекуваат нешта кон тебе? Во Филипјаните 4:8 стих пишува: А понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете! А во Евреите 2 глава пишува: А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, тоа и Он зеде еднакво во тоа, та преку смртта го победи оној, што ја има власта над смртта, односно ѓаволот, и да ги избави оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство.

Така што, сатаната нема повеќе право над верникот. Ама воопшто. Тој имаше моќ пред да дојде Исус, но откако Исус дојде Тој рече: Мене ми е дадена сета власт на небото и земјата. Сега јас ви ја предавам и сега вие одете. Плус и додаде: Спротивстави се на ѓаволот и тој ќе си оди. Значи, ти мораш да дадеш отпор на болеста, мораш да се воздржеш од говорење лоши и навредливи зборови, мораш да се спротивставиш на погрешни размислувања. Но, важно е да се знае: не можеш да му се спротивставиш на ѓаволот доколку чуваш навреда и омраза спрема некого, доколку не му простиш.

Во Матеј 12 глава пишува: Породи змиини! Како можете да говорите добро, кога сте лоши? Зашто од преполнето срце прикажува устата. Добриот човек од доброто сокривиште изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште-лошо. Така што, сѐ твое доаѓа и излегува од твојата внатрешност од твоето срце. Исус сосем го заобиколи светскиот систем. Тој произведуваше, создаваше сѐ од Царството Небесно. Ние се обидуваме да создаваме во проколнат свет. Но, оние кои се со Христос се во друг систем. Ти си во небесниот систем. Ти имаш капацитет со твоите зборови, со твоите мисли да ја промениш околината, твоите финасии, здравјето. А тоа доаѓа од ум што е обновен. Доаѓа од систем на верувања во кој штом еднаш поверуваш и изговориш тоа ќе премине во минато односно ќе се реализира. Тоа е закон. Секако, мора да се израмне и да се согласи со Божјиот Збор, како што гласи дека богатсва ќе има има во твојот дом и дека ќе се згомуваат постојано. Неговиот збор гласи дека богатствата на набото им ги има дадено на децата на луѓето. Во Прво Послание до Коринтјаните 2:12 гласи: Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот, Кој иде од Бога, за да го знаеме она, што ни е дарувано од Бога. Како што говори стихот за твоето совршено здравје: Преку Неговите рани ти си излекуван.

 

Мора да знаеш која е вистината. Бидејќи доколку сатаната доаѓа со друга мисла спротивна на Божјиот Збор за тебе, за твојот просперитет, совршено здравје и слично, а ти не ја знаеш вистината, тогаш ќе поверуваш во лагите на сатаната. Ако сатаната доаѓа со некоја мисла тогаш треба таа мисла да ја заробиш. Во Изреките има еден дел кој гласи: Синко, внимавај на зборовите Мои и приближи го увото кон поуките Мои, да не отстапуваат тие од твоите очи, чувај ги внатре во срцето свое, зашто тие се живот за оние кои ги наоѓаат и здравје за целото тело нивно. Затоа земај го твоето здравје секојдневно преку Божјиот Збор. Божјиот Збор е лек од кој не можеш да се предозираш. Земај го наутро, напладне, навечер... и наскоро, твојата душа ќе се промени. Твојата душа ќе биде во корелација со Господ Бог и штом ќе се случи тоа, таа моќ ќе помине преку твојот дух, ќе ја допре твојата душа и ќе стигне до твоето тело. А ако го направи за твоето тело, ќе го направи и за твојата заедница, за твојот град. А тоа се нарекува благослов. Таа моќ, тој благослов важи и се однесува за сите. Господ може да ги реши и најтешките случаеви. Нема нешто невозможно за оние кои веруваат. Тој може да ја поправи најлошата ситуација во твојот живот. Знам дека постојат и луѓе кои се сомневаат, па се надеваат дека можеби за нив нешто ќе успее, но не смееш да се ставаш на исто ниво со луѓето од светот. И Божјиот Збор вели дека ти си во светот, но не си дел од него.

Кога мислиш, не мисли во затворени граници бидејќи досега си бил таму, во затворен простор на знаења, размислувања, предрасуди, идеологии и слично. Сега, мисли на иднината, медитирај на неа. Мислите што ги имаш постојано во умот ќе те однесат токму онаму за каде што мислиш. Мисли на она што во моментов го немаш, а сакаш да го имаш, растегни ја твојата вера. Прими го Божјиот благослов за тебе.





Прими го Божјото размислување. Господ Бог има толку многу подготвено за тебе, само ти остави Го да размислува преку тебе. Во Исаија 55:8 пишува: Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се Мои патишта. Вели Господ. Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли. Затоа, од денес дозволи му на Господ Бог, отвори го твојот ум и остави го Бог да работи преку тебе. Прими ги сите благослови што веќе ги подготвил за тебе. Дознај што Тој вели и како гледа на тебе, што можеш, што поседуваш. Сите Божји благослови се на дофат на твоите мисли. Мисли, говори и манифестирај! Прими ги благословите преку вера.

Во Псалмите пишува: Но јас верувам, дека ќе ја видам Господовата благост во земјата на живите. Светот чека на некого кој Господ Бог ќе го употреби и кој ќе изјави дека Исус е Господ. Бог е добар и Неговата милост трае вечно. Бог те избра тебе. Ти не го избра Него. Тој те виде пред да се зачнеш во мајчината утроба. И за тебе рече: Те одбирам тебе! Си поминал сѐ и сешто, но тоа не го промени мислењето на Бог за тебе. Твоето време доаѓа. Него не го интересира твоето минато и твоите грешки. Штом Тој те одбрал, нема место за неуспех. Ти си одбран, ти си одбрана токму за сега, овде и сега. Тоа што го ставил, што го испланираш, што го вложил во тебе штотуку ќе го извади на површина. Ти само верувај! Ти си посебен! Ти си посебна! Мисли, говори и манифестирај!

23 views
bottom of page