top of page

Која е нашата визија?


Една од најдобрите работи што Небесниот Татко ги има направено за човекот е тоа што му овозможи да ја види својата визија и да ја реализира. Што значи, ние одлучуваме за нашата иднина. Ние мора да ја видиме нашата визија како веќе завршена работа пред да започнеме да ја реализираме. Токму затоа и се нарекува визија. Во Послание до Ефесјаните 5 пишува: Бидете имитатори на Бога како негови деца, огледајте се на Него.

Кога ја гледаме нашата визија, ќе знаеме што треба да преземеме за да ја реализираме, што нѝ е потребно. И знаејќи ја нашата визија ќе знаеме до каде сме и дали сме ја реализирале.

Она што го говориме најмногу всушност произлегува од она во што најмногу веруваме. Мора да се гледаме како Божји храм кој го содржи неговиот дух.

Ако светлината на нашата визија е пресветла тоа е затоа што нашите очи се навикнати на она што е околу нас.

 

Луѓето без визија исчезнуваат. Во Изреки 29:18 пишува: Без откровение одозгора народот е нескротлив, а кој го пази законот, блажен е.

Откровението без визија нема


смисла. Тоа е пропуштена шанса. Визијата подразбира исполнување на одредени барања. Сѐ што не можеме да направиме, Небесниот Татко ќе го направи. Сѐ што можеме да направиме, Тој никогаш нема да го направи. На пример, Петар кога беше во затворот, ангел дојде и ги скина синџирите, но Петар требаше да продолжи и да оди кај своите пријатели и да ја заврши работата. Ангелот не го стори тоа место него.

Моментите за визија доаѓаат кога нашите сили се вклучени да реагираат брзо. Визијата ќе произведе храброст за да ги направиме најголемите дела.

Единствениот начин за развивање на нашата визија е да не ја пропуштиме можноста за реализација на истата. Затоа често треба да си ги поставуваме прашањата: Каде? Кога? Зошто сум тука?

Ако Господ Бог има визија и ние имаме визија. Ја имаме заедно, нели?

Визијата ќе ја повика нашата осветена волја и ќе произведе моќ за себенасочување. Светиот Дух ќе нѐ води низ сета вистина. Исус Христос говори дека Тој е патот, вистината и живот. И ако Тој е патот тогаш не можеме да се изгубиме. Ако е вистината тогаш не можеме да бидеме измамени. Ако е животот тогаш ѓаволот не може да нѐ убие.

Визијата е суровина за големи нешта и е дизајнирана за да ја обликува и држи судбината во нашите раце.

Вистинското е духовното, сѐ останато се околности и потреси. Треба да бидеме приземјени, понизни и подготвени за визијата да биде над сѐ. Зошто? За да ги издржиме искушувањата од ѓаволот. Целта му е да ги пронајде нашите слаби страни, за да паднеме и да не успееме. Доколку целото време го посветуваме на реализација на нашата визија ќе немаме време за правење грев. Небесниот Татко, Создателот имаше визија нас да нѐ спаси, а Исус Христос се согласи за да направи сѐ околу тоа. Исус Христос рече: Ќе направам се што треба за да го спасам читателот што во моментов чита. ...И го зеде сиот грев на човештвото на свои плеќи, за да бидеме чисти и да бидеме праведноста на Бога.

Некои од нас немаат визија бидејќи не се осврнале на тоа што Бог сака да им покаже. Понекогаш дури и да видиме што треба да направиме ние не сакаме да го сториме тоа. А тоа нешто е неопходно за нашиот развој.

Треба да веруваме во невозможното, да го примиме недостижното бидејќи е возможно! Нашето прашање до Небесниот Татко е како да го направам тоа? Потребно ми е повеќе знаење. Сето тоа преку разговор со Него. Што, како, кога и сл.

Ако се потпреме на нештото што не е од Бога, да бидеме сигурни дека наскоро ќе бидеме дел од тоа. Ја имаме таа способност да се прилагодуваме. Ако некој оди надесно и ние одиме надесно. Да не се насочуваме кон ништо друго што не е Божјо. Да не правиме изговор за погрешното. Да бидеме внимателни од тоа да бидеме индеферентни. Зошто? Затоа што ќе нѝ ги отупи сетилата, ќе ги затруе умот и душата.

 

Господ Бог ништо нема да направи со нашата визија сѐ додека не направи нешто со нас. Исто како што Исус Христос учеше да биде човек, така и ние учиме да бидеме дух. Бог треба да нѐ научи, а ние да му дозволиме да нѐ промени. Визијата ни го менува умот. Кога ја имаме визијата ние имаме обврски и можности. Тоа подразбира преземање акција. Можеме да ја пропуштиме визијата со нашата мрзливост и незаинтересираност. Сакањето да се направи нешто и самата реализација се комплетираат. Треба да имаме и интерес и послушност. Едно без друго не функционира.

За визијата потребно е истражување со цел да се реализира.

Нашата визија ќе нѐ обземе со свет оган, и токму заради тоа треба да сме цврсти за да го издржеме тој оган. Не е лесно да се развие визијата. Потребна е напорна работа, дисциплина, посветеност.

Поставената визија, од нас ќе направи истражувач. Потребно е да истражуваме факти, начини, методи, да истражуваме за нас.

Таа треба постојано да биде актуелна. Таа не треба да прекине.

За неа потребна е насока. Насоката бара самодоверба. Треба да ја гледаме и претставиме нашата визија со самодоверба. Не треба да има изговори.

Никогаш да не ја водиме нашата визија како дезорганизирана личност. Потребна ни е ментална и морална поддршка што произведуваат духовна цел. Дезорганизацијата ќе уништи што било. Кога ја знаеме нашата поставена цел, никој и ништо не може да нѐ предомисли и помести.

Визијата мора да премине во пасија, страст во нашиот живот. Нештото што го посакуваме нѐ подмрднува од место и нѝ дава мотив за да направиме нешто. Но, неконтролираната пасија води кон неконтролирани принципи. Ако сакаме да имаме визија и да ја реализираме треба да бидеме луѓе со принципи.

Господ Бог работи преку визијата и како што работи го произведува фактот за навика. Навиката е дел од нашата визија што ги организира нашите чувства и делувања. Визијата станува херојска кога ќе научи дека сѐ треба да е под нејзините нозе вклучувајќи ги и сите расположенија и емоции. Не поаѓаме од она што чувствуваме туку поаѓаме од она во што веруваме.

Моментите на визија доаѓаат кога нашите сили се осетливи за брзо делување. Секој дел од нашата визија е временска рамка од нашата судбина.

Таа е наш телохранител во тешки времиња.

Ние мора да им пророкуваме на нашите неостварени можности. Зошто? Затоа што имаме моќ да трансформираме живот. Пророкувањето е историја однапред напишана.

 

Што сакаме ние да стои во нашата иднина?

Колку сме поблиску до визијата толку сме се доближиле до Господдовите тајни. Визијата треба да привлече внимание. Која е мојата визија што ќе го привлече твоето внимание? Која е твојата визија што ќе го привлече моето внимание? А... која е Господовата визија? Сме се запрашале ли? Кој е нашиот дел во таа визија?






0 views
bottom of page